49 години од револуцијата во Гренада
Пред два дена се навршија 49 години од револуцијата во Гренада, кога марксистичко-ленинистичко движење, предводено од Морис Бишоп ја собори владата и ја претвори Гренада во единствената комунистичка држава во Комонвелтот.
Поранешниот американски претседател Роналд Реган го сметал Бишоп како сериозна закана, бидејќи тој не бил само социјалист, туку бил и Црнец кој зборувал англиски и веројатно можел да ги инспирира и останатите триесет милиони Афроамериканци.
Поради социјалните програми на владата на Гренада и блискоста со ослободителните движења на Куба и Никарагва, владата на САД го препозна потенцијалот на црната револуција на англиски јазик во Америка. Државниот удар против Бишоп и неговата подоцнежна егзекуција обезбедија изговор за САД да ја нападнат земјата на 25 октомври 1983 година, завршувајќи го четиригодишниот социјалистички експеримент на малиот карипски остров.
Морис Бишоп го организирал ненасилниот државен удар против режимот на Ерик Гери, поддржан од САД, во март 1979 година. Познат по својата харизма, брилијантните комуникациски вештини и неговата способност да се поврзе со народот, Бишоп ја предводел Народната револуционерна влада на Гренада во серија политики кои биле во прилог на сиромашните маси.
Неговата влада вовела бесплатно јавно здравство, им обезбедила на луѓето образовни програми за школување кои ја намалиле неписменоста од 35% на 5%, а невработеноста од 50% на 14%. Правата на работниците и жените биле во сржта на политиките, заедно со борбата против расизмот, апартхејдот и империјализмот.
На 14 октомври 1983 година, Бишоп бил соборен од власта од Бернард Корд, што наводно предизвикало протести низ улиците на Гренада, на кои присуствувале дур ⅓ од населението.
На 19-ти Октомври, Бишоп, членовите на неговиот кабинет и некои поддржувачи беа измачувани и егзекутирани.
„Кога империјализмот ќе научи? Да, тие можат да ги убијат нашите тела, но никогаш не можат да го убијат духот на народот што се бори за своето ослободување.”