Феминизмот: на исток и на запад

  • Колумна на Кирил Митановски, член на Црвена Младина.

Што е феминизам? Зависи од која гледна точка гледаме. За некои е борба за еднаквост, за некои е глупост, за некои е потребна работа во денешното општество, за некои е непотребна работа. 

Како термин и движење се јавува во доцниот 18-ти век и раниот 19-ти век, додека терминот феминизам доаѓа од францускиот социјалист Шарл Фурие. Се јавува како појава за еднакви права на жената со мажот, за еднакви можности и еднаков статус во општеството. 

Феминизмот различно се развивал во сите земји. Некаде побрзо, некаде поспоро, некаде не се ни развил до ден-денес. Иако, концептот на феминизмот почнал во индустриските, западни, капиталистички земји, тој се усовршил во источните социјалистички земји во Европа. 

Веднаш по руската револуција и за време на руската граѓанска војна, Владимир Ленин во 1920 година донел закон во кој жената имала еднаков статус со мажот. Таа можела да се разведе кога сака, абортусот ѝ бил дозволен, стекнала право на глас, право на работа, еднаква работна плата со мажот и еднаква можност да се искачува на општествената скала на напредок, како и мажот. Тоа значело дека жената можела да врши јавна функција, како во судството, така и во владата, во собранието – била воведена тотална еднаквост со мажот. 

Додека пак, феминизмот на западот поспоро се развивал. Жената немала никаков статус во општеството, се до кулминацијата на Студената војна. Кога се спомнува Студената војна, не се мисли на воен натпревар помеѓу Советскиот Сојуз и САД, туку се мисли и на културниот натпревар каде што спаѓала и жената.