АктуелноЛокално

Нафтениот султан од Пласница

Нафтениот султан од Пласница кој преку државниот правобранител се закануваше на Советниците од Општина Карпош да го изгласаат ДУП-от за тој да си изгради бензинска пумпа, со неговиот брат скоро 20 години се градоначалници во најсиромашната Општина во Македонија. „Султанот“ кој денес е пратеник во Собранието од редовите на ДУИ, само од почетокот на 2022 година има добиено 35.303.630 денари или 572.561 евра од државни тендери.

Основачот на Пуцко Петрол, Исмаил Јахоски, е еден од најдолговечните градоначалници во Македонија, со мандати од 1998 до 2005 и потоа од 2009 до 2020 година кога го прекинува градоначалничкиот мандат и станува пратеник во собранието од редовите на ДУИ. Заради бизнисот со бензинските пумпи, Јахоски го нарекуваат „Султан од Пласница“. 

Тој, заедно со неговиот брат Алија Јахоски кој моментално е градоначалник на Пласница се однесуваат како султани во Општината, непрекинато злоупотребувајќи ја својата положба за лично богатење,  Пласница е претворена во најсиромашната општина во Македонија со години, каде стапката на невработеност изнесува 90%, додека општинската сметка повеќе од десет години е блокирана. 

Во Општината тие речиси и целосно го контролираат приватниот сектор, каде работат неколку продавници и пилана која исто така е сопственост на семејството Јахоски.

Пласница како една од најсиромашните општини е еден од најголемите добитници хуманитарна помош од Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“, но од распределбата на средствата за напредок на општината речиси и да нема ништо. Средствата дадени за развој на оваа општина се средства буквално фрлени во бунар брз дно.

Заради лошата економска состојба во општината, невработеноста и „владеењето на Султаните, млади во Пласница речиси и да нема. Најголем дел од нив се иселени, а европските земји се нивна најчеста дестинација. 

За Општината со која раководеше Јахоски речиси цела своја политичка кариера сам ќе изјави: „Значи општина што е можеби во светот го нема нигде општина со 90% невработеност ова ни во Зимбабве го нема, немам слушнато’’

Додека Општината и луѓето кои живеат таму тонат во бескрајна бездна на пропаст, очај и сиромаштија, нафтениот султан  и неговото семејство го водат најуспешниот бизнис во земјава, кој дваесет и шест години профитира пред се  од државно спонзорирани зделки и тендери. 

Нафтена компанија Пуцко Петрол заработила речиси 100 милиони евра од државни тендери од 2008 до 2018 година, додека само од почетокот на 2022 година има добиено 35.303.630 денари или 572 561 евра, што ја прави компанија најголем добитник на јавни набавки во државата. 

Но, алчните амбиции на „Нафтениот султан од Пласница“ не запираат. Желбата за профит, експанзија на бизнисот и влијанието за него секогаш се во прв план – не постојат закони, држава и институции, туку на него му се ставаат на располагање државни институции. Последен ваков е примерот од Општина Карпош, кога за да се изгласа ДУП за изградба на негова бензинска пумпа, државниот правобранител лично им се заканувал со кривични пријави на советниците од Општината.

Пуцко Петрол исто така се споменуваше и во „бомбите’, каде слушавме за матни бизниси и изградба на бензински пумпи.