Апасиев го „фати“ Реџепи во лага

Катриот Реџепи, пратеникот од Беса кој ја изневери својата партија и одлучи да премине на другата страна спасувајќи го режимот на ДУИ и СДСМ, вчера во интервју за ТВ21се обиде да го оправда својот потег.

Во отсуство на аргументација за постапката со која ги разочара своите гласачи и подржувачи а го спаси ДУИ, политичката партија која цела политичка кариера ја напаѓа и претставува како најголем противник и непријател на албанците, Кастриот одлучи причините за премислувањето да ги оправдува преку Апасиев.

Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор. Имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и отидовме дома. Кога стигнав дома, гледам фотографија со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење.

Ваквиот несериозен изговор веднаш беше демантиран од страна на пратеникот Апасиев. Тој на Фејсбук објави пост каде јасно се гледа дека на оваа иницијатива тој е потпишан 58-ми а Кастриот Реџепи три места подолу, со што станува јасно дека не постои можност Кастриот да не видел и да не знаел дека пратеникот на Левица е потпишан и се бори да ја „бутне“ оваа власт.

Киднапиранион Кастриот безочно ЛАЖЕ дека не знаел оти и Левица ќе биде на списокот за недоверба на Влада. Јас сум потпишан 58-ми, а он три места подоле – 61-ви, на истиот лист! Слеп да не беше бе, уценето пратениче? Не си ја пери совеста. Не се мие тоа. Дај си оставка. Ја погази бесата! Тешко се живее со предавство зад себе. – Напиша Апасиев.

По ова обелоденување стана јасно дека овој аргумент на Кастриот Реџепи не држи води и дека пратеникот обидувајки се да го оправда својот потег само е навлезен во барабанот на лаги, кои наместо да му помогнат, само ја разобличуваат неговата соработка и слугување на ДУИ, разочарувајки ги своите подржувачи и нанесувајќи поголеми штети на партијата на која е член.