АктуелноИнтернационално

НР Кина ги обвинува САД за бегање од одговорност за состојбата во Украина

„Обвинувајќи ја Кина за пасивен однос кон украинската криза, САД се обидуваат да ја избегнат сопствената одговорност за настаните во Украина“, на брифингот изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Овој начин на избегнување на сопствената одговорност и ширењето клевети е многу лицемерен и гнасен“, рече кинескиот дипломат, коментирајќи ги американските обвинувања против Кина во однос на нејзиниот однос кон украинската криза.

Според Венбин, лажните информации не можат да ја сокријат личната одговорност на Вашингтон, напротив, ваквите дејствија ја одразуваат „вистинската намера на САД да ја искористат кризата“.

„САД изјавуват дека се посветени на мирно решение на кризата, но, покрај тоа што дава воена помош и засилена воена реторика како заплашување, што друго направи за да се постигне мир?!“, додаде кинескиот дипломат.