(Видео) Зеленски ќе ослободи дел од затворениците и ќе ги прати да се борат
Положете го оружјето. Оставете ја опремата. Тргнете се од овде. Не им верувајте на своите заповедници. Не им верувајте на пропагандистите. Спасете ги своите животи, им порача украинскиот претседател на Володомир Зеленски на руските војници во видеопорака на Фејсбук.
Тој најави дека ќе ги ослободи затворениците кои имаат искуство во војна.
„Тоа е тешка морална одлука, но нужна заради одбрана на земјата, рекол Зеленски кој порача дела затворениците ќе ги испрати на подрачја во кои се водат најжестоки борби. „Одбраната е сега клучна“.
Зеленски исто така од Европската унија побара итен прием на Украина во ЕУ.
„Бараме од Европската униан итно да ја прими Украина под нова, посебна процедура. Сигурен сум дека Украина тоа го заслужила и дека тоа е можно, изјавил Зеленски.