Маричиќ: Никогаш не сум јадел бифтеци во Владата

Поранешниот Министер за правда, а денес актуелен Вицепремиер за евроинтеграции – Бојан Маричиќ, во интервју за Макфакс вели дека бифтек во Влада нема јадено.

„За фамозните бифтеци, правдата која само што не дошла, обвинителите, изборот на новите судии и обвинители од редот на снаите и децата, евроинтеграциите“ – одговара вицепремиерот Маричиќ, во најавата на интервјуто во Макфакс.

За јадењето бифтеци на државна сметка, Маричиќ вели дека многу поразлично се јадело кога било ВМРО-ДПМНЕ на власт. Вицепремиерот дополнително се пожали затоа што дел од ручеците си ги плаќал сам.