НР Кина ги предупреди своите граѓани во САД да внимаваат на својата безбедност

Кинеската амбасада во Вашингтон ги предупреди своите граѓани во САД да внимаваат на својата безбедност, оценувајќи дека безбедносната состојба во САД е загрижувачка.

Во соопштението што е објавено на веб-страницата на кинеската амбасада се наведува дека во САД постои голема омраза кон Кина и дека многу Азијци се соочуваат со злонамерни напади, кои, како што се додава амбасадата, сериозно ја загрозуваат безбедноста на кинеските граѓани.

Меѓу загрозените, амбасадата ги истакна меѓународните студенти и вработените во институциите финансирани од Кина.