Кинеската амбасада во Вашингтон ги предупреди своите граѓани во САД да внимаваат на својата безбедност, оценувајќи дека безбедносната состојба во САД е загрижувачка.
Во соопштението што е објавено на веб-страницата на кинеската амбасада се наведува дека во САД постои голема омраза кон Кина и дека многу Азијци се соочуваат со злонамерни напади, кои, како што се додава амбасадата, сериозно ја загрозуваат безбедноста на кинеските граѓани.
Меѓу загрозените, амбасадата ги истакна меѓународните студенти и вработените во институциите финансирани од Кина.