АктуелноИнтернационално

Рочиштето на Белмаршкиот трибунал за случајот со Асанж можете да го следите во живо

Пред 20 години, САД отворија затвор во поморската база Гватанамо Беј на источниот брег на Куба. Во текот на две децении, САД мачеа стотици затвореници во заливот Гвантанамо без обвинение или судска пресуда.

Две децении подоцна, заливот Гвантанамо сè уште е во функција. Архитектите на Војната против теророт и денес се на слобода, додека оние кои ја разоткрија се испратени во затвор.

Овој петок (25 февруари 2022 г.) во 14:00 часот по локално време, ќе се одржи третото рочиште на историскиот Белмаршски Трибунал. Настанот ќе се пренесува во живо низ целиот свет. За да го следите во живо може да се регистрирајте на овој линк.

Главна улога во овој процес ја има Џулиан Асанж, основачот на Викиликс кој на јавноста и ги сподели воените злосторства правени од армијата на САД во периодот од борбата „против тероризмот“ на Среден исток .

На онлајн настанот за следење на рочиштето ќе биде вклучен  Стивен Донцигер, кој се соочи со Шеврон за нивното „апокалиптично“ уништување на Амазон – и беше испратен во затвор од страна на американскиот правосуден систем кој дејствуваше во име на гигантот за фосилни горива.

Помеѓу останатите личности кои ќе го следат рочиштето е и Мохамеду Оулд Слахи, кој помина години како затвореник во заливот Гвантанамо и чија приказна неодамна беше раскажана во наградуваниот филм „Мавританец“. Адвокатка за граѓански права  Маргарет Кунстлер и долгогодишен бранител на активисти кои се соочуваат со корпоративен и државен прогон во САД исто така ќе присуствува на рочиштето.

Ноам Чомски, Џоди Дин, Роџер Вотерс, Анџела Рихтер се само дел од најзвучните имиња кои го потврдија онлајн присуството на ова рочиште.

Овој случај е важен бидејќи претставува директен предизвик, пред судовите, за степенот до кој законодавството ѝ дава овластувања на извршната власт за начинот на кој тие се справуваат со претпоставената закана за националната безбедност.