Левица: За охридскиот советник од ДУИ Нефи Усеини не важат законите

  • Реакција на Левица – ЛО Охрид.

Нефи Усеини, актуелен советник во Советот на општина Охрид , очигледно веќе со децении е заштитен од законот од сите гарнитури на власт.

И покрај тоа што полицијата поднесе кривична пријава против неговата фирма ,,Нефи Ик” за загадување на Охридското Езеро, Обвинителството ја отфрла како неоснована. Обвинителството одлучи дека за истурање на шутот во езерото се виновни двајцата работници, вработени во фирмата на Нефи Усеини , кои шутот го истуриле во езерото со механизацијата во сопственост на фирмата ,,Нефи Ик”.

На тој начин заштитникот на животната средина и фирмата во негова сопственост се ослободени од секакво обвинение , бидејќи двајцата работници ја презеле вината, а Обвинителството ги прогласи за единствени виновници.
Евидентно е дека охридскиот советник од редовите на ДУИ , веќе со децении е заштитен пред законот. Да се потсетиме:

Против Нефи Усеини се водат две постапки за претепување на Спиро Топалоски и за претепување на поранешниот советник, Џемал Мета за време на седница на Советот.

Усеини изврши напад на инспектор што се обидел да изврши надзор на дивоградбата кај Чинарот.
Нема никаква одговорност за неговата дивоградба, терасата на пицеријата изградена на државен имот, која никој нема смелост да ја отстрани.

Нема никаква одговорност за дивоградбата – бетонската база на патот Охрид – Струга.

Охридскиот советник продолжува со дивеењето низ Охрид, а надлежните органи се немоќни да го спречат во тоа.