АктуелноЛокално

Ужива привилегии како партнер на дипломат – Најчевска го крши Етичкиот кодекс на МНР

Согласно Законот за надворешни работи и етичкиот кодекс за државни службеници, дипломатот (вклучително и партнерот кој го придружува), мора исклучиво да се води согласно одредбите од Виенските конвенции за време на својот мандат.

Виенските конвенции, домашната регулативата и кодексот на однесување за овие лица вклучува дека дипломатот и неговиот партнер (сопруг/сопруга) не смее да коментира внатрешната политика на земјата која ја претставува, надворешна политика и да се меша во внатрешните работи на други земји. Како што амбасадорот е на дипломатска листа и ги ужива сите права и привилегии, но и обврски, истото ова се однесува и за партнерот/партнерката на дипломатскиот претставник.

Иако дипломатијата важеше барем за област во која имаше некаков дигнитет, денес сме сведоци дека како и целиот останат државен апарат, таа се претвора во избор на кадри од клиентелистичката елита на политичките партии, па така кршењето на овие кодекси и норми станува се почеста пракса.

Еден од бројните вакви примери, кој станува исклучително иритантен и забележлив во јавноста е однесувањето на Мирјана Најчевска, сопруга на Дипломат од МНР е и Сашко Тодоровски, кој е именуван за амбасадор во Прага, должноста ја презеде на крајот на март 2021.

Мирјана Најчевска, која е со него и е дел од мисијата во Прага, секојдневно објавува политички статуси на социјалните мрежи, кои не само што не соодветствуваат со кодексот на однесување кој треба да биде почитуван од нејзина страна, туку истите во најмала рака се скандалозни.

Таа, како сопруга на амбасадорот, а со тоа дел од дипломатската мисија, добива 20% од платата и придружба, ги ужива правата и привилегиите кои ги носи должноста, непрекинато ја осрамотува сопствената земја, институциите, нивните претставници и сите кои живеат во Македонија. Нејзино хоби е фејсбук активност каде непрекинато користи квалификации, омаловажувања и навреди инспирирани од дневно-политички случувања.

Без разлика на постоењето на изречна забрана, Мирјана Најчевска ја коментира внатрешната и надворешната политика, а актуелнитe државни и партиски функционери се нејзина најчеста мета која ги трпи секојдневните омаловажување, квалификации, навреди, клевети.

Весникот Вечер во своја објава пренесе како изгледаат и кому се однесуваат нејзините коментари:

Сопругата на амбасадорот во Чешка, Мирјана Најчевска, за премиерот Ковачевски, пишува дека е будала, а социјалдемократите дека треба кривично да одговараат;
Сопругата на амбасадорот во Чешка, за уставните судии вели дека се кецароши поставени по партиска линија;
За сопругата на амбасадорот во Чешка, македонскиот народ е болен – има синдром на поробеност;
За жената на амбасадорот во Чешка, Европа е срамота;
За жената на амбасадорот во Чешка, нејзината матична земја која и дала привилегија да живее во Прага и ја плаќа за тоа, е корумпирана земја ;
За жената на амбасадорот во Чешка, професорите на УКИМ каде што беше сенатор, се – шутраци;
За сопругата на амбасадорот во Чешка, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се криминалци;
За сопругата на амбасадорот во Чешка, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е ноќен кошма
За сопругата на амбасадорот во Чешка, лидерот на Левица, Димитар Апасиев е ждркле ;
За сопругата на амбасадорот во Чешка, Македонија е загадена земја, во која нема правда, сигурност за граѓаните и владее корупција;
За сопругата на македонскиот амбасадор во Чешка, македонските новинари се срамота и глупави;
За сопругата на амбасадорот во Чешка, сите градоначалници треба да одговараат;