- Фејсбук статус на Дарија Андовска, Универзитетски професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Приметувате дека и домашни медиуми користат РСМ наместо Македонија?
Ајде да видиме што е разликата помеѓу двете кратенки РСМ и БЈРМ:
- БЈРМ беше привремена референца. Во уставот беше Република Македонија.
Ние си бевме Македонци и јазикот македонски. Македонска Филхармонија, Македонска опера и балет, Македонска Радио Телевизија, итн. (note: Република Македонија без она северното е еден од основачите на Обединетите Нации, како дел од Југославија.) Над 140 земји нè признаа под уставното име Република Македонија.
Домашните медиуми никогаш не пишале БЈРМ сами за себе.
- РСМ е уставно име. Дома политичарите се кршат со република на нашата земја, а надвор сме северномакедонци (божесвашта) или граѓани на РСМ, јазикот е со фуснота.
Институциите се национални. На која нација – не знаеме.
Ако НАТО влезе во конфликт со Русија, наши деца ќе одат курбан.
Какви бенефити, а?