Левица – Битола: Катастрофални услови во заразното одделение, пулмологија
- Реакција на Левица – ЛО Битола.
Низа реакции од заболените граѓани за условите во заразното одделение во Битола, Пулмологија.
Со часови се чека доктор да им ја прочита рентген снимката.
Револтиран граѓанин ни достави краток текст како го поминувал денот низ битолските одделенија, барајќи спас за неговото здравје за на крај да си замине дома без дијагноза и терапија со почетен наод на пнеувмонија.
Катастрофалните инфраструктурни услови кои не се санирани и покрај реакциите, докторите се жалат за условите во кои го врват работното време.
Зараза не е само ковид-19, зарази се шират од руинираните ѕидови и исфрлани стари реквизити за работа кои не се допрени со години.
Во овие простории луѓето се соблекуваат за рентген снимка, а доктор нема да им ја прочита.
Приморани од врата до врата низ целата болница бараат спас за сопственото здравје, но кадар никаде нема.
Поради недостиг на вработени, се испраќаат доктори од други одделенија кои не умеат да им дадат дијагноза на лицата кои се заболени.
Резултатот кој го доживуваат граѓаните во овие тешки услови е неуспешно и корумпирано дејствување од страна на актуелните власти изминативе години.