АктуелноЛокално

Герила: Добредојдовте администратори на цар Борис

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна официјалната посета на Република Македонија. Во неговата делегација се и Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, и со бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

Пред само неколку дена бугарскиот премиер Петков даде изјава во која вели не постои македонско малцинство во Бугарија, но дека бугарското ќе биде внесено во Уставот на Македонија. Оваа неофашистичка реторика на Петков за жал не наиде на нужна и соодветна реакција кај државните институции, но затоа реакциите во јавноста беа огромни.

По овој повод, активистите од Црвена Младина организираа герила акција „Добредојдовте администратори на цар Борис“, паролата која беше закачена на влезот од Скопје и „Европски права за Македонците во Пирин“, парола поставена пред Владата. Двете локации беа избрани со цел „бугарските администратори„ задолжително да ги видат паролите.

За оваа герила од Црвена Младина соопштија на социјалните мрежи.

Денес од страна на наши активисти му овозможивме герила-пречек на новиот бугарски премиер (администратор), нашите активисти поставија транспрент на влезот во Скопје за топло добредојде на бугарскиот премиер.