САД ги повикувале останатите земји да не ја признаваат независноста на Македонија
Откако Македонија прогласи независност во 1991 година Државен секретар на САД, Џејмс Бејкер одиграл клучна улога во спречувањето Македонија да се здобие со меѓународно признавање. Оваа одлуката на САД, која прави ненадоместлива штета на македонскиот народ, имала исклучително влијание врз одлуката за признавање на државата од страна на останатите европски земји.
Ова го потврдува Австралијанското декласифицирано досие за надворешни работи, објавено 1992 година во материјал по обем над 250 страници.
Џејмс Бејкер кој своевремено беше Секретар во Министерството за финансии на САД во периодот на управувањето на администрацијата од Роналд Реган, а подоцна, како Државен секретар и шеф на кабинетот во администрацијата на претседателот Џорџ Х. В. Буш, остро се спротивставувал Македонија да биде признаена под нејзиното уставно име.
По прогласувањето на независноста на Република Македонија, Бејкер напишал писмо во кое ги повикал останатите земји да не ја признаваат независноста на државата. Тој тоа го направил иако Maкедонија ги исполнуваше сите критериуми барани од меѓународната заедница, вклучително и ЕУ (тогаш Европската заедница) потребни за признавање на една држава по распадот на источниот блок.
Голем број земји на ЕУ (ЕЗ) беа незадоволни и огорчени од однесувањето на Грција кон Македонија и македонскиот народ и имаа намера да ја признаат независноста на Македонија под нејзиното уставно име. Но, по писмото на Бејкер (во тој момент Државен секретар на САД) овој тренд беше завршен. Краен резултат на овој потег на нашиот стратешки партнер беше трајна промена на односот на земјите од ЕЗ кон Македонија. Тогашниот грчки министер за надворешни работи Самарас им се заблагодари на САД за интервенцијата.