Закажано судењето за Рашковски поради основани сомневања за криминал кои ги направил како Генерален секретар на Владата

Кривичниот суд на крајот од декември соопшти за јавноста дека обвинителниот акт против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 8 октомври од страна на Советот за оценка на обвинител акт е одобрен во целост.

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата, со државни пари купил од самиот себе софтвер за казни за сообраќајни прекршоци, кој ниту биле нарачан ниту имаат намера да го користат службите на МВР. Заев, со за него препознатливата леснотија на лажење, тогаш тврдеше дека ќе бидат објавени документи за зделката: „Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер кој може да се употребува во МВР“.

Но, ова не е единствениот случај за кој обвинителството смета дека Рашковски работел незаконски и го оштетил буџетот.

На фирмата „Инвока“ Владата (односно самиот Рашковски) во период од 3 години си исплатила речиси 400 илјади евра. Според податоците на Централниот регистар, „Инвока“ била регистрирана само 2 недели после изгласувањето на тогашната Влада на чело на Заев во 2017 година.

Судењето против Драги Рашковски започнува на 25 јануари!