АктуелноЛокално

Ниами: Ставот на Македонија треба да биде дека јазичното прашање е затворено

Во интервју за национална телевизија, познатиот славист, македонист и истражувач Емил Ниами во програмата „Утринска на Телма“ имаше интервју во кое зборуваше за односите помеѓу Македонија и Бугарија по однос на преговорите помеѓу двете држави и прашањето за македонскиот јазик, актуелизирано од бугарската страна.

Емил Ниами смета дека ова прашање е затворено и дека од наша страна воопшто е непотребно да се дискутира на оваа тема.

„Негирање на македонскиот јазик, тоа е една повторна актуелизација на бугарската пропаганда за која што  сведочиме одвреме навреме. Меѓутоа ние треба да застанеме! Ставот на нашата земја во целост треба да биде дека тоа јазично прашање е затворено.”

Во продолжение Ниами ги нагласи бројните разлики во повеќе области помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Постојат: „морфолошки, синтетички, лексички, но и разлики  во историскиот развиток на двата јазика“ нагласи тој. Исто така, од негова страна беше истакнато постоење на итна потребата од институционална грижа за македонскиот јазик, преку креирање на комисија која специјално ќе се грижи за него

На прашањата  „Што е тоа што го загрозува македонскиот јазик на долг рок и каква  е неговата  иднина? –  Ниами одговори: „Македонскиот јазик е многу силен и со тек на времето ќе ги отфрли странските лексички влијанија“.