По реакцијата на советниците од Левица стопирана е узурпацијата на езерото Младост

На седмата седница на Советот на Општина Велес која беше закажана за вчера, како точка на дневен ред беше предложена продажба на 38 градежни парцели и давање под закуп на 13 градежни парцели во околината на велешкото езеро Младост.

Како што соопштија од Локалниот огранок на Левица од Велес голем дел од парцелите се наоѓаат на просторот кој беше опожарен пред неколку години а нивната продажба локалната власт сака да ја искористи за задоволување на мегаломански апетити на олигархиски структури.

„Голем дел од парцелите се наоѓаат на опожарениот простор окулу Велешкото езеро кој во предизборието од сите политички партии беше предмет на длабока загриженост во однос на уништување на природното богатство за да после избори и добивање на власт да стане предмет на комерцијализација, профит и задоволување на мегаломански апетити на олигархиски структури при што под сомнеж го донесува и пожарот кој го опустоши просторот и нанесе непоправливи штети на природното наследство.“

По оваа реакција од партијата, следуваа засебни реакции од страна на останатите советници во Советот на Општина Велес што подоцна резултираше со бројни реакции во јавноста.

„После јавната реакција, извршениот притисок од советничката група на Левица Велес, и поднесено писмено барање до претседателот на Советот, градоначалникот Колев ја повлече точката од дневен ред за градежната узурпација на езеро Младост“ соопшти Советникот од редовите на Левица и долгогодишен еко-активист Игор Смилев.

По одлуката да оваа точка да биде тргната од дневен ред, советникот смилев додаде дека „Езерото мора да остане јавно добро достапно за сите, и за секој нов обид за негово уништување ќе одлучат граѓаните.“