АктуелноЛокално

Скриени бизнис планови за магацините на „Славија“ во Кисела Вода

Во јавноста протекоа информации околу можна продажба на стовариштата „Славија“ кои се наоѓаат во општина Кисела Вода. За овие стоваришта се смета дека се изградени во периодот помеѓу 1930 и 1940 година, а за нивна пренамена претходно беше доставена идеја од страна на група архитекти.

Нивната замисла е „старите објекти кои биле во служба на индустријата се простори во кои може да се вгнезди алтернативната културна сцена, креативна индустрија и функции посветени на младите,“ а истите овие објекти да останат во државна сопственост. По протекувањето на информации во јавноста за продажба на овие стоваришта се огласија од „Македонска архитектура“.

Деновиве на големо се дискутира околу најавената продажба на „Славија“ за неразумни средства, криејќи ги зад сето тоа имотите вредни милиони евра.“

Не сакајќи да навлеземе во дискусијата за можната криминална продажба на претпријатието кое само со разумно менаџирање на својот имот може да се издигне лесно од калта (ова треба да го истражат надлежните и новинарите), ќе апелираме на стовариштата во Кисела Вода.

“Доколку овој имот е државен, апелираме Општината Кисела Вода, да се заложи стовариштата да ги побара во свое владение, со ветување дека ќе го промени урбанистичкиот план што овде предвидува огромни станбени блокови, и ќе направи пренамена на објектите во јавни функции за потребите на Кисела Вода, за чие архитектонско обликување ќе организира јавен конкурс!Воедно го отвораме прашањето – кој на државен имот, за претпријатие кое се подготвува за продажба, нацртал цела станбена населба?!“

Оваа забелешка може да се најде на фејсбук групата Македонска Архитектура од каде бараат да се актуелизира целава проблематика со цел јавноста да биде запозната со скриените бизнис планови и штетни архитектонски решенија.