Апасиев: Да не беше Левица, сега пак ќе ја слушавте Урсула во Собрание

Денес во Владата на РМ, Ковачевски заедно со Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен оддржаа заедничка прес-конференција.

Пратеникот Апасиев од Левица потсети на говорот за прифаќаање на „Францускиот предлог“ пред пратениците во Македонското Собрание, кога пред Претседателката на ЕК го постави транспарентот со наслов „Македонија вели НЕ‘‘ и со свирење го прекина нејзиниот говор. Пратеникот смета дека ова е причината зошто овојпат Урсула Фон Дер Лаен не се појави пред пратениците.

„Да не беше Левица, сега пак ќе ја слушавте УРСУЛА во Собрание. Страв лозје чува“, напиша Апасиев.

Потсетуваме, тогаш Собранискиот канал на МТВ го цензурираше моментот кога пратеникот на Левица го прекина нејзиниот говор со свирче и остави транспарент.