Империјалистичкиот монопол фрлил око на најплодната почва во Овче Поле

  • Фејсбук статус на Никола Петров, координатор на Левица – Земјоделски сектор.

Тоа што помина 18 и 19 век, и ерата на стариот империјализам на големите монархии, кралства, империи, кои патем денес се нарекуваат “високо” капиталистички и “модерни” демократии, во 21 век, доби нов облик.

Денес поробувањето заради црпење на природните и човечките ресурси во името на капиталот и профитот, не се врши со класични воени окупации, туку со далеку помеки и попрофитабилни средства.

Неоимперијализмот денес го среќаваме во една глатка, измазнета форма. Него го карактеризираат марионетски влади кои под превезот на странски инвестиции го пуштаат капиталот на големите монополи на домашно тло. Така тие се вкоренуваат во окупираната земја, ги цицаат и се хранат со природните и човечки ресурси се до нивно овенување, а во името на нивното божество “неограничен профит”.

Пример денес можеме да видиме во незаконските вонтендер договори на владата со конзорциумот на Бехтел – Енка, кој ќе гради автопати со цена можеби од милијарда евра.
Потоа увозот на лигнит од Косово, од рудниците на империјалистичките конзорциуми, кој исто ќе не чини можеби милијарда, за чија потреба мораше прво да се уништи домашното производство на енергија.

И последното, империјалистички монопол фрлил око на најубавата плодна почва во Овче поле, за да ја уништи земјата и земјоделието со соларна електрана. Притоа ем струја ќе ни продава, ем ќе го користи нашето Сонце, ем храна ќе увезуваме. Храната исто е енергенс како и струјата.

Но енергенсот храна е во природните, биолошки потреби на човекот, а струјата е енергенсот за профит. На 450 хектари земја наместо храна ќе има огледала, и нормално храната ќе ја купуваме од увоз повторно од империјалистичките монополи, Франција, САД, не е важно, исто е.

Неоимперијализмот ги оправдува средствата, сѐ во името на неговото височество “профитот”!