АктуелноЛокално

Граѓаните се организираат – ќе изработат спомен плоча на убиените 103 Поречани од „Бугарската гнасна рака“

Само неколку месеци откако во 1915 година во прилепското село Долгаец биле заклани 315 жители, вклучувајќи деца и жени, во зимата 1916 година во Поречието се случил уште еден ѕверски чин. И овој пат, главните актери се бугарските војници кои без совест и на крајно ѕверски начин заклале 103 жители на Поречието.

Овој масакр кој засекогаш ќе биде врежан во историјата на Поречието и македонскиот народ се случил на 6-ти јануари 1916 година па оттука често во историските читанки може да се сретне под називот „Бадников масакр“, а поради тоа што се случил на местото викано Дервишка нива, се среќава и под називот „Масакр во Дервишка Нива“.

Група граѓани се организираат да постават спомен плоча со листа на сите заклани, плоча која всушнсот ќе ја замени онаа која беше демолирана во 2017 година, а на која пишуваше: „Почивајте спокојно 103 Поречани на кои животот ви го одзеде Бугарската гнасна рака!“.

Оттогаш оваа плоча не е возобновена, а сторителите не се пронајдени. Група граѓани веќе спремаат иницијативата за поставување на мермерна спомен плоча со имињата на сите убиени Поречани, која ќе биде поставена на Костурницата во Манастирец која пак е изградена од рускиот монах Антоние кој помеѓу двете светски војни ги пренесол моштите од преминот Барбарас во Манастирец. Сите кои имаат точни информации за убиените Поречани, можат да не’ контактираат во инбокс.