Во предлог буџетот профитот на олигархијата не се чепка
- Статус на Јован Крајевски, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица.
Решиле буџетот да си го полнат преку приватизација на:
– државно земјиште;
– брза помош/трансплантација;
– железници.
Пак немаат доволно пари за ЕУ и НАТО интеграции, па решиле да намалат на:
– социјални надоместоци;
– субвенции;
– надоместоци за невработени.
И сето тоа пак не им стига, па решиле да:
– се задолжат стотици милиони евра
– да поскапат струја 10%, 20%, 30%… веќе никој не знае колку, никој не знае кога.
А цело време профитот на олигархијата не се чепка, па чак и си расте од година во година, оданочен на мизерни 10% – исто ко нечија плата од 300 евра.
Епа ако сето ова е ок и е нормално и се повторува од година во година и функционира, како тоа имаме прогласено толку многу кризни состојби наеднаш во државава?