Кланот Заеви се проширува и во Валандово
- Реакција на Левица – ЛО Валандово
„Братучетката на Зоран Заев, Емилија Заева Костова е именувана за нов директор на комуналното претпријатие во Валандово.
Старо – новиот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов од режимската партија СДСМ, му врати услуга на својот лидер во заминување со назначувањето на неговата братучетка за директор во општинското комунално претпријатие.
Непотизмот и кланското владеење со државните и општинските институции е добро воспоставена практика од оваа режимска партија последниве 30 години.“