Пред заминување Шилегов го украсил Скопје за 240.000 евра
Непосредно пред истекувањето на мандатот, сега веќе поранешниот градоначалник на Скопје, склучил договор со фирмата „Линк медиа плус“ за украсување на градот. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик објавен во септември, а скопјани за нејзината услуга се должни да платат 240.000 евра.
„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, се вели во договорот објавен од Бирото за јавни набавки.
Одлуката на Шилегов да додели тендер на единствената компанија која конкурирала на истиот, пред истекувањето на неговиот мандат и тоа во вредност од 240.000 евра, за многу граѓани во најмала рака е сомнителна.