Крмов: Не ја очекувајте оставката на Заев пред нова година
Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов, денес, на социјалните мрежи, се огласи по најавеното поднесување оставка, од страна на Претседателот на Владата, Зоран Заев.
Крмов вели дека Зеав е омилен премиер на УЧК. Според него, ДУИ, во координација со СДСМ, ќе се обидат да ја одолговлекуваат оставка на премиерот до нова година.
Какво е чуството да си најомилениот премиер на политичката партија која произлезе од УЧК? Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ (подржани од структури на СДС) планираат да ја влечкаат до нова година, ако не и подолго.
Пратеникот нагласи дека носењето на буџетот за 2022 година (кој треба да биде изгласан најдоцна до средината на декември), ќе биде причината за одолговлекување на оставката. Воедно, тој потенцираше дека ДУИ да има поголема желба Заев да остане на власт дури и од СДСМ.
Носењето на буџетот веќе се користи како изговор, иако двете работи немаат врска една со друга. Посебно ДУИ не сакаат да го изгубат Заев по никоја цена, бидејќи таков политичар „трговец поединец“, кој е спремен да тргува со СЕ и да продаде СЕ, кој им ги даде најбитните ресори во државата и со врзаните потписи практично ги направи власт, тешко дека пак ќе најдат. Оставката и денес не е доставена до Собранието, а народот чека.