АктуелноСтав

Јанчев: Со цел етикетирање, прогресивците даваат ново значење на веќе дефинираните поими

Прогресивциве се феномен кој сака да им дава ново значење на веќе дефинирани поими, а со цел етикетирање.

На пример национализам. Национализам изворно значи да се идентификуваш со одредена политичка група (нација) и да сакаш таа да се самоуправува на сопствената територија без мешање од надвор. И тој принцип важи за секоја нација, а не само за сопствената.

Кога некоја нација сака да се самоуправува без да и се меша некој од надвор, а смета дека она има право да им се меша на другите и да ги потчинува, тоа е шовинизам.

Денес прогресивците на тој што си ја сака нацијата, а не сака да се меша во внатрешните работи на друга нација го нарекуваат погрдно националист, алудирајќи на шовинист.

Друга интересна работа за нив е што, посебно во Македонија, на прогресивците им смета ако некој си ја сака македонската нација. Го нарекуваат затуцан, небањат, заглавен во минатото, националист. Арно ама во исто време не им смета шовинизмот на САД (од каде што лапаат грантови) од каде што викаат America first (Трамп) или од кај шо викаат We are exceptional (Обама). Америка е прва, сите други се втора, трета класа. Американците се исклучителни, за нив важат едни правила, сите други не се исклучителни и за нив важат други правила. Па така може Америка да се меша и во избори и да поробува и да експлоатира луѓе и ресурси на други нации ама нив никој не смее да ги пипне. И тоа за прогресивците е прогресивно, а да си ја сакаш нацијата е лошо, небањато, затуцано или национализам.

Или накратко, америчкиот шовинизам не е шовиниза, ама национализмот на сите други е шовинизам.

Шизофрено нели?

Арно ама сакајќи да менуваат поими, да им даваат погрдно значење, а со цел да етикетираат кој е затуцан наспроти нив прогресивните, прогресивците му дадоа погрдно значење на поим прогресивец кој претходно сами си го залепија ко етикета.

Или како што вика нашиот затуцан и небањат народ кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа.
Прогресивци, какво е чувството вакави прогресивни ко вас да се вклопат во затуцана народна поговорка, која е можеби стара и преку 500 години, а која извира од еден затуцан и небањат народ?

Деца, не бидете прогресивци, заебано е.

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во општина Гевгелија.