Црвена младина: МОН им го откажа правото на студентски оброк на дел од студентите

Само ден по завршувањето на локалните избори, од страна на централната власт почнаа да се донесуваат одлуки за скратување на трошоците кои ги има државата. Први на удар денес беа студентите, односно од МОН било одлучено да им го ускрати правото на бесплатен (субвенциониран) оброк на дел од студентите.

Ваквата одлука од страна на студентите била проследена до активистите на Црвена Младина, „Утринава до нас пристигнаа голем број на реакции од студенти кои добија известување од МОН дека правото на субвенциониран студентски оброк им е прекинато со смешно објаснување без конкретно наведени причини“.

Од младинската организација се сомневаат дека идејата на Министерката Царовска била само предизборен популизам, напоменувајќи дека и при првичното аплицирање за субвенциониран оброк имало бројни нелогичности, a голем дел студенти за ова биле одбиени.

При првичното аплицирање голем број на студенти нелогично беа одбиени, иако министерката еуфорично најавуваше дека сите студенти имаат право на субвенциониран оброк, па така ние се соменевавме дека се работи за предизборен поткуп на младите. Ваквата непрофесионалност и нелогичното прекинувањето на правото оброкот на само ден после изборите ги потврдува нашите сомнежи дека оваа реформа, како и таа со стипендиите, не беа ништо повеќе од популизам и предизборно поткупување на студентите.

Од страна на Црвена Младени веќе е упатен апел до повеќе студентски организaции, тие ги охрабруваат останатите студенти да не молчат за ова и најавија борба против одлуката на МОН.

Ние, како авангардна младина, апелираме до Универзитетското студентско собрание, како и факултетските студентски собранија со нивните назначени студентски претседатели и студентски правобранители веднаш да реагираат и да ги превземат соодветните чекори за решавање на овој проблем и заштита на студентите. Воедно го охрабруваме сите студенти кои се одбиени или им е прекинато правото да не молчат и веднаш да пријават кај назначените студентски правобранители на нивниот факултет.