Исмаил: Нема друг излез освен национализација на енергетските ресурси
Енергетската криза не претстои, ваквата кризна состојба за сиромашната класа континуирано беше присутна, само што сега профитната стапка е во опаѓање, затоа кругот на профитери се стеснува, концентрацијата на капиталот, преку империјалистичките влијанија на западните земји (читај НАТО), се зголемува.
Сетете се само со чија „помош“ и асистенција го либерализиравме пазарот општо а и енергетскиот посебно. Кој сè се збогати од трговијата со струја и „производството“ на „зелена“ енергија преку хидроцентралите. За момент сетете се како, зошто и со кого одбивме соработка за набавка на гас?! ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ Е НАЈВИСОКИОТ И ПОСЛЕДЕН СТАДИУМ НА КАПИТАЛИЗМОТ!
Во минатото, релативно „мирољубивиот“ капитализам не беше воопшто мирољубив за стотици милиони од третиот свет, туку претставуваше ера на угнетување, страдање и хорор кој беше стравичен и претставуваше ужас без крај.
Кризите од секој вид – најчесто економските кризи (но не само тие) – значително го зголемуваат стремежот кон концентрација на производството и кон монопол.
Монополистите ги задушуваат сите кои не се покоруваат на нивниот јарем, на нивниот диктат – финансискиот капитал не сака слобода, туку доминација. Картелите станаа основа на целиот економски живот. Капитализмот се трансформираше во империјализам.
Потребата за извоз на капиталот произлегува од фактот што во неколку земји капитализмот постана „презрел“ и поради назадната состојба во земјоделството и сиромаштијата на масите, капиталот не може да најде поле за „профитабилни инвестиции“.
Нема друг излез освен НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА на целокупните енергетски ресурси.
- Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан), член на Президиумот на Левица.