(Видео) Реџеп Исмаил: Нашите Советници ќе функционираат исто како нашите Пратеници
„Овој успех на локалните избори за Левица значи пред се дека нејзината достојна и принципиелна политика за самостоен настап под било која цена и целосно потпирање на своите капацитети во однос на настапот на изборите, се исплати. Ние имаме скоро 50% раст во однос на гласачкото тело во однос на минатите избори. Многу сме задоволни од овие избори. Она што е за мене е поважно, е дека идејата и визијата наша, било тоа да се работи за локалните проблеми и тоа како треба да се водат општините, кои се проблемите и кои треба да бидат приоритетите на градоначалниците, било тоа да се работи за централна политика мислам дека таа идеја Левица почна да ја проширува многу повеќе. Обрачот кој што го опфаќа во општеството се прошири и во иднина не’ чекаат многу многу подобри времиња.
За изборите се подготвувавме уште и претходно, ние имавме и Централен комитет каде што луѓето се определија кој ќе биде носител на изборните листи и кандидатите за градоначалници. Мислам дека единствено мал проблем имавме околу бирократските процедури, ДИК и ОИК беа малце во хаос и несредени, така да другата подготовка помина. Нормално во предизборие има нешто што треба да се стигне на време, нешто што се брка со време, но генерално поминавме добро во организацијата.
Луѓето кои беа на листите не се луѓе кои буквално дошле пред избори. тие луѓе се наши членови по локалните ограноци кои што се во партијата многу подолго време. Практично, ако погледнете, носители на кандидатските листи за советници се модераторите на Локалните ограноци. Тие буквално се занимаваат со локалните проблеми таму и нормално се занимаваат со комуникација помеѓу централното раководство и таму.
Ако треба да се даде генерална слика, нашите Советници ќе функционираат исто како нашите Пратеници во Собранието. Односно ќе бидат совест на граѓаните во општинските Совети. Затоа што, да ве потсетам, на овие локални избори се покажа некое шаренило, пред се тука би ги ставил независните листи. Ќе ве вратам малце наназад. Три месеци пред изборите, ако се сеќавате, власта, заедно со условно кажано опозицијата, Алијанса, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И СДСМ се договорија да го сменат изборниот законик, со што практично ќе им оневозможат на независните листи да се кандидираат. Токму Левица го спречи тоа! И еве, резултатот го имаме на Локалните избори, каде што независните листи постигнаа, според мене добар успех и се надевам ќе биде позитивно во сите совети каде што влегоа.
Морам да кажам дека Левица ќе се пренасочи на внатрешно организирање на советниците. Во однос на тоа дали ќе поддржиме некоја страна во вториот круг, тоа се уште не нема никој контактирано. Ние принципиелно не сакаме да ги понижуваме нашите гласачи и да им кажеме за кого да гласаат кога тоа не е Левица. Ако некој не контактира, тоа ќе биде транспарентно, да видиме што нуди за таа поддршка не на Левица, туку во однос на Општината. Тоа е одлука на Президиумот, сега за сега немаме никакви преговори.“