Апасиев: Пред да гласате во недела – запомнете дека струјата ќе поскапе 100% после изборите
Од продажбата на ЕСМ спроведена од страна на СДСМ, кога главна фигура во целиот процес беше Радмила Шекеринска и нејзината позната изјава за „бонбона бизнис“, цените на електрична енергија не престануваат да растат. Шекеринска тогаш беше во право, бизнисот е „бонбона“ за австриската компанија, која остварува неверојатен профит, додека македонскиот народ плаќајки им за „бонбоните“ не прекинато се осиромашува.
Изминативе денови одново се најавува поскапување на електричната енергија, се чини, Власта предводена од СДСМ едвај чека да поминат изборите, па во нова корелација со регулаторната комисија, драстично да ја поскапат електричната енергија. Ваквиот однос наидува на жестоки критики кај граѓаните, а претседателот на Левица, Димитар Апасиев е едено од најгласните во тоа. На социјалните мрежи тој напиша:
Пред да гласате во недела – запомнете дека СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПЕ 100% ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ!!! Вакви дописи им стигаат на сите мали дуќанџии, занаетчии, трговци-поединци низ цела Македонија. Т.н. „индустриска струја“ ќе поскапе дупло, а струјата за домаќинствата за 50%! Е ова ви е подарокот од СДС на Нашата Земја. p.s. НАТО нека ви ги плаќа сметките.“