АктуелноЛокално

Јанков: Граѓаните мора да знаат кој се советниците и за што гласаат

Во рамки на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски – Камиказа организираше неколку „поткасти“ во кои со останатите кандидати од Левица разговараа за нивните позиции, ставови и прашања.

На вчерашното гостување кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Андреа Јанков, кој зборуваше за (не)транспарентноста на општините, алудирајки пред се на општината од која е кандидат, укажа на повеќе проблеми.

Тој смета дека овој систем е исцрпен и дека граѓаните сакаат поинаков пристап во работата и укажув на нужноста од транспарентност на советот, затоа што граѓаните мора да знаат кој што застапува и за какви одлуки гласа.

Граѓаните сакаат да видат дека може да се работи поинаку, треба да ни ја дадат довербата. Проста илустрација, седниците на советот на Општина Центар воопшто не се јавни. Дури дадено било на гласање, да се снимаат седниците, да идат во живо, да се знае кој за што гласи. Внимавајте, тие си изгласале да не се снима! – Не само граѓаните што не си ги знаат советниците што треба да ги застапуваат, туку не ни знаат како гласаат по клучни и круцијални прашања. Значи, прашања за уредување на простор, прашања за формирање на буџет и за банални работи и за крупни теми. Просторот за кој што тие гласаат е наш простор. Буџетот за кој што тие гласаат се наши пари!