Груби: Работиме за цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Артан Груби од ДУИ во емисијата на Телма изјави дека се работи на тоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени со цел внесување на Бугарите во Македонскиот Устав.

„Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма рече дека разговарале во Владата за уставните измени, но и претходно формирале тим кој работи на оваа проблематика.

„Не да сум оптимист, убеден сум дека ќе успееме, планот ни е одличен, многу амбициозен и реален за имплементација и реализација. Знам дека има скептици, сакате гола математика и да броите пратеници како да се стигне до 80, но знаете дека досега се што сме кажале испаднало така и дека се реализирало“, кажа Груби.