Самит на Движењето на неврзаните
Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 120 земји, во главно земји во развој. Ова Движење се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот.
Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации. СФР Југославија беше една од основачите и предводниците на Движењето. Првата конференција на ова движење е одржана во Белград во септември 1961 година, како заслуга на претседателот на Југославија.
Од своето основање до денес, Движењето нема формална хиерархиска структура, но неговото раководство се менува со ротација на самитите што се одржуваат на секои три години. Во моментов на чело е Азербејџан, кој ќе го отстапи своето место во 2022 година.По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и промената на државните уредувања во Источна Европа, се постави прашањето за оправдување за продолжување на постоењето на Неврзаните. Во годините што следеа, Движењето се обиде да се редефинира, префрлајќи го фокусот на својата работа во борбата против глобализацијата.
По повод 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните, Самитот се одржува во Белград на 11 и 12 октомври. Русија за првпат учествува на Самитот како набудувач. Како што беше најавено, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе го прочита поздравното писмо од рускиот претседател Владимир Путин на настанот во Белград.