Новковска: Од турско досега вакво понижување на официјалната статистика немало
Експертот за статистика Благица Новковска, која речиси целата своја професионална кариера ја има посветено на оваа област,
работено во повеќе државни институции кои работат во оваа сфера е еден од најгласните критикувачи на пописот спроведуван годинава.
Спроведувањето на статистичката операција таа го нарече „резил“, потенцираше дека статистичките операции прецизно спроведувани уште во среден век на овие простори, денешните власти ова не можат да го спроведат во XXI век.
„Од турско досега вакво понижување на официјалната статистика немало. Прецизни и средени пописни резултати за населението на овие простори има во дефтерите од 12, 13 век. Денес се резилиме со спроведување на нешто што треба да покаже колку сме и кои сме. А само покажа какви сме.“
Новковска смета дека бројките добиени на пописот се далеку повисоки од реалните, а оваа операција не ја изразува вистинската слика.
„Директорот на ДЗС вели населението може ќе биде помалку од 1.8 мил., а може ќе биде повеќе од 1.8 мил???!!! Заради двојното попишување сигурно е многуууу помалку, ама како ќе биде зголемено, не знам. Но сигурна сум дека нивото на резилот допрва ќе се зголемува.“ – вели таа.
Според неа „неевидентирани се повеќе од 350 000 државјани и испуштени се повеќе од 100 000 домаќинства, а бројот на становите е нереален.“