(Видео) Апасиев го одржа најдобриот говор во историјата на локалните избори

„Добар ден Скопје, добар ден Македонијо!

Кога ќе дојдеме на власт ќе ги забраниме митинзите, да знаете! Ќе забраниме политички маркетинг и само дебатата ќе ни остане, со аргументи да се бориме и со силата на зборувањето, а не со манипулации. Значи, првото правило на делиберативното политичко говорништво вели: “Кога не знаеш што да кажеш следи го правилото на три „S“ : „Stand up, speak up and shut the fuck up“. На народот му е преку глава од зборување, на народот му треба акција. Јас му честитам на Перо Камиказа што се нафати да ја бие оваа битка бидејќи како професор по римско право  можам да ви кажам дека Римјаните велеле: “Oној кој го мразат боговите му даваат да се кандидира за градсkи претор”, сакајќи да кажат колку е тоа тешка работа. Римјаните имале избори секоја година оти како што гледате само пред избори се работи. Kako прагматичен народ тие секоја година  избирaле бидејќи само тогаш градските претори работеле. 

Кандидатите веќе и сами се претставија, инаку и самиот тој збор кандидат  доаѓа од латинскиот toga candida бидејќи римјаните кои се кандидирале носеле бели тоги, сакајќи да кажат дека тие се чисти и неизвалкани. Hо ние бидејќи сме контраши сме облечени во црно гледам денеска! 

Перо Камиказа, човекот кој со песната „Црвено вино, црвени знамиња“ ни ја прогласи независноста на истата сцена со Киро Глигоров, токму тој човек го имаме за наш кандидат, човекот кој е инспирација на многу генерации и како што и самиот кажа, човекот кој никогаш досега не се шитнал за оваа или онаа власт. И затоа со гордост и со чисто срце го предложивме затоа што сметаме дека тоа е „win-win“ ситуација. Младите кои се со „Левица“  и возраста и искуството коешто го има Перо Камиказа кoj со своитe 62 години се нафати на една ваква прилично нечесна, прилично валкана кампања. Меѓутоа видов една слика, Перо има јаки стомачни и мислам дека стоечки ќе ги издржи, како за негова возраст многу добро се држи. 

Следниот којшто се претстави е Андреа , Андреа – архитектот којшто  во малиот прст ги има сите дупови и гупови и целото знаење кое може да застане буквално на патот на урбаната мафија којашто ни го загорчи животот и не ни дава никако да мрднеме. Дополнително, тoj e и еко-активист од  „Го сакам Водно“. Последниот, оној без којшто ниту „Ленка“ ниту „Левица“ немаше да биде, e величенствениот дервиш Хактан, Хактан Баба или спиритуалното крило на „Левица“. Има една анегдота со Хактан.  Бевме на еден муабет со еден битен човек, сега нема да го именувам и цело време бевме тројца – јас, Борис и Хактан, a тoj цело време гледаше во мене. Јас пошто сум шегаџија во еден момент го сецнав и му викам: „Абе не глеј во мене“ викам, „овој ни е главниот“. И он гледа во Хактан, a jac: „Јас сум само фасада за по телевизии, без овој нема „Левица“!  Хактан е онтологијата на „Левица“, политичкиот субстрат на „Левица“. Eве уште една симболика, феноменот „Левица“, движењето за социјална правда „Ленка“ почна токму на овие клупи, бидејќи немавме ниту просторија, ниту пари. Почна во една тегла каде што се собираа пари за хамери, за спрејови и така почна нашиот политички активизам. За по десетина години, според европскиот политолошки форум, „Левица“ да застанe на чело на најбрзорастечкотo левичарско движење во Европа. Пробивот којшто „Левица“ го направи укажува дека сме на правиот пат. Прво нѐ игнорираа, потоа ни се потсмеваа, сега се во фаза на напаѓање, едно време нѐ бркаа од работа… Речиси нема некој од нас кој не е избркан од работа. И сета оваа „Сорос клика“ и таа „енџиовштина“ со нивните медиуми до ден денес ја гаат таа пизма спрема „Левица“. 

Hо конечно дојде времето кога ни се плашат – и треба да ни се плашат, бидејќи ќе бидеме сурови, безмилосни кoн нивните криминали и нивните предавства. Бидејќи „Левица“ не простува и „Левица“ не ги  заборава сите овие зулуми коишто ни ги направија. Локалните избори почитувани другари, не се само за шахти и за канализации. Согласно нашиот закон за локална самоуправа 90% од нашето секојдневие зависи од локалните избори. Тука се директната демократија како форма којашто кај нас е подценета,  тука е локалното самоуправување, комуналната грижа, екологијата, меѓугенерациската солидарност, јавните услуги, урбанизмот, сообраќајот… Значи има суштински битни работи и затоа овие избори се избор помеѓу апатијата и партиципативноста, помеѓу легнување на брашното и пркосот против домашните окупатори и квислинзи, против наместените тендери а за фер шанса за вработување. Против башибозукот којшто го воведоа како систем, а за ред, правда и поредок. „Левица“ е на пат да воведе ред во безредието и закон во беззаконието. Сакам да ви порачам дека нивната привремена моќ која ја гледаме е само жива рана полна со корупција. Немојте да верувате дека се толку јаки. Дојде времето од исто место нашиот свет да стане против нивниот. 

Социјал демократскиот сојуз на нашата земја не е само наш политички туку и класен непријател. Шилегов со неговите викендици  помина од „Лига за демократија“ преку „ЛДП“, преку „СДС“, за да заврши со милионски суми на сметка, со викендици по Маврово, со деловни објекти во „Трговски“… Ќе ги срушиме нивните династии сантим по сантим за да создадeме подобар свет. Ќе ги ликвидираме сите нивни привилегии кои ги влечат уште од времето на Југославија за да создадеме терен за фер плеј за децата на транзицијата. Како што кажува мојот политички гуру неподмитливиот Робеспјер: „Ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го задржи народот“. Затоа апелирам термометарот на жестокоста во критиката не смееме во оваа кампања да го спуштиме ниту за степен. Има да се казнат угнетувачите на народната воља оти тоа за нив е милост. Варварски е нив ако им простиме. 

Кога гледаат како „Левица“ станува најбрзорастечка парламентарна партија, нивниот злобен восклик сега е милосрдие, дајте да се помириме. Но овојпат, ние од тука ви велиме: “Тоа така не може!”  Да им простиме на слабите – да; да им простиме на несреќните – да; но корумпираниот човек е политички непријател на нашата Република и тој за неа е толку поопасен колку се поголеми услугите што тој божем и ги направил. Само чесниот човек има право на прошка од својот народ. Затоа, ќе го цитирам големото левичарско фраериште Антонио Грамши: „Затоа ние мразиме индиферентни, ги презираме оние кои не учествуваат и оставаат полуписмени идиоти да ни ја водат и општината и државата“. Тоа веќе нема да биде така! Аманетот на мојот сограѓанин Рацин, големиот велешки комунист кој секогаш кога паѓаше духот на неговите другари писмата ги завршуваше со слоганот „Ќе победиме“. Или на  англиски се само три букви: „WIN“. „W“ е за „Work with others“,  „I“ е за „Involved in life“ и „N“ е за „Never quit“.

Само работејќи заедно потпирајќи се во животот, никогаш не откажувајќи се, бидејќи имавме и моменти на слабости.  Нѐ банкротираа, малтене нѐ забранија, но како пиреј повторно изникнуваме за на овие избори да им ги поматиме сметките. Ќе го срониме нивниот свет, и нов ќе направиме, братски. Да живее црвено Скопје, да живее Македонија!