Тефик Махмут: Знам дека не сте навикнати на Роми што “убаво зборуваат”

Ароганцијата на СДСМ не познава граници. Бојан Маричиќ, актуелниот министер за правда, си води кампања за локалните избори 2021, пробувајќи да влијае врз гласачите на Шуто Оризари со надмени ставови како изјавата дека на општината не и се потребни “градоначилници што убаво зборуваат”. Оваа изјава се однесува на Тефик Махмут, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Левица, кој патем е магистер на еден од најдобро рангираните универзитети во светот, Оксворд.

Се разбира, самиот Тефик Махмут возврати на својот Фејсбук профил со следниот статус:

Bojan Maricik ми доаѓаш на улица, им кажуваш на луѓето дека ме познаваш и дека на Шутка не и требаат “градоначалници што убаво зборуваат”. Како тоа, вие вака елитен, обрзован и убав ја имате компетентноста да зборите што и треба на Шутка? Знам дека не сте навикнати на Роми од Шуто Оризари што “убаво зборуваат”, знам дека не сте навикнати на Роми што се образуваат, и знам дека не сте навикнати на некој од тука да биде различен од генералната лоша слика за ромите во Македонија. Тоа време помина, Бојане! Имаме образовани Роми! Имаме елоквентни Роми! Ти имаш магистрирано во UCL што е на 8/10то место, јас имам магистрирано на University of Oxford што е на прво место. Еее Бојане! Дури подобар од некој што ви е најдобар.


Ароганцијата на Бојан Маричиќ и претходно е пречекана на најсоодветен начин од страна на новинарката на Ал Џезеира, а во врска со неуспешниот референдум за промената на името. Да се потсетиме на тоа одлично спуштање на земја.