На денешен ден 1943 година бил одржан првиот час на македонски јазик
Реакција на Левица – Сектор образование
„Далечната 1943 година, на 24 септември во селото Подвис, во областа Копачка, во Кичевско бил одржан првиот училишен час на македонски јазик. Ден голем како планина! Од устата на учителот Василко Лазарески првпат во училница прозвучил македонски збор, децата првпат следеле настава на мајчин јазик, а не на јазиците на окупаторите.
Зградата во којашто бил одржан тој прв час е прогласена за споменик на културата. И заборавена. Денес е во очајна состојба, со ослепени прозорци и пропаднат покрив, зарасната во треви и трње.
Клептократите кои 30 години владеат за да пљачкаат, секојпат имаат полни усти со љубов кон државата и народот, а образованието им е „врвен приоритет“- секоја година го реформираат, а сега се на пат и потполно да го расформираат.
Кои биле и какви се нивните заложби сведочи фотографијата од споменот на местото во кое бил одржан првиот час на македонски јазик. Една слика- илјада зборови. Затоа борбата трае и нема да застане. Левица не заборава, нема ниту да прости.“