(Видео) Апасиев: Левица е оштетена од ДИК – ќе поднесеме кривична пријава

Согласно соопштението кое вчера го објавија од партијата, сметаат дека: „Според изборниот законик, на Левица заедно со ДПА – како единствени партии кои немаат пратеничка група, а на изборите учествуваа самостојно – за рекламирање во медиумите во кампањата за локалните избори, им следат вкупно околу 260 илјади евра. Но, Државната изборна комисија (ДИК), на чело со претседателот Александар Даштевски, изборниот законик си го толкуваа според тоа како им одговара на СДСМ и ДПМНЕ, па затоа Левица ќе поднесе кривична пријава соодветно против одговорните!

На прес-конференцијата за новинарите во Собранието на РМ, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев изјави:

Преку искривоколчено изигрување на законите се обидуваат да протуркаат уште шест субјекти. Со тоа оваа сума се сведува на смешна бројка, преку која ‘де факто’ политичката партија Левица е оневозможена рамноправно да учествува на овие избори. Со што приматот го задржуваат четирите најголеми кој што земаат преку 90% од колачот“