Крмов: Со вакви резултати, минатиот попис беше одложен!
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на својот профил реагираше дека со вакви пописни резултати, пописот во 2011 година беше одложен. Според Крмов, со ваква динамика на пописот, истиот во 2011 година беше прогласен дека е бојкотиран.
На 10-тиот ден од попишувањето, пописот е веќе паднат! Дури и со имагинарните 600.000 попишани на Апостол, пописот према динамиката на минатиот попис би имал сличен одзив, а ТОЈ ПОПИС БЕШЕ БОЈКОТИРАН.
Слична е ситуацијата и сега, иако криминалната власт помогната и подржана од ДПМНЕ, не се откажува. Не се откажуваме ни ние. – напиша Крмов.