АктуелноЛокално

Деца на бивши функционери се кандидати за градоначалници на СДСМ

СДСМ на локалните избори ја промовира втората генерација на т.н. „Црвената буржоазија”, односно, како кандидати за градоначалници ги промовира децата на поранешни државни функционери, олигарси, претставници на приватизацијата и крупниот капитал кои своевремено ја пустошеа државата.

Засега ваквите примери се познати во неколку Општини во Градот Скопје. Станува збор за Општина Кисела Вода, Центар, Бутел, Аеродром и Ѓорче Петров. Но можноста за тоа „вакви деца“ да бидат кандидати за градоначалници во останатите општини низ Македонија не е исклучена.

  • Во Општина Кисела Вода кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ е Филип Темелковски, син на екс пратеникот и транзициски олигарх Зоре Темелковски.
  • Во Општина Центар кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ е Горан Герасимовски, (директор на Државниот завод за индустриска сопственост), син на Дончо Герасимовски, екс директорот на Државен завод за статистика.
  • Во Општина Бутел кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ е Велимир Смилевски, актуелен и кандидат за градоначалник (иако според сознанијата од жителите тој не живее во оваа општина), син на Санде Смилевски, транзициски олигарх, своевремено комерцијален директор на Жито Лукс.
  • Во Општина Аеродром кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ е Александар Филиповски, актуелен пратеник и кандидат за градоначалник на Аеродром, син на екс пратеникот на СДСМ Благоја Филиповски, кој беше директор на Скопскиот аеродром до 2003, (внук на Илија, Министер за економија во владата на Црвенковски од 2002/04).
  • Во Општина Аеродром кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ е Александар Наумовски, актуелен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, син на екс претседателот на Уставен суд Бранко Наумоски.

Важно е да се забележи дека државата има сериозен проблем со непотизмот, но, ако се земе во предвид какви кадровски решенија нудат партиите на власт при избор за носители на јавни функции, станува јасно дека тие се промотори на оваа „вредност“, која преку изедначувањето на партијата со државата станува пракса.