АктуелноЛокално

Левица – Ѓорче Петров: Градоначалникот Наумовски потрошил енормни суми за репрезентации во неговиот мандат

„Врз основа на информациите од општина Ѓорче Петров добиени согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, евидентни се неразумно високи трошоци за репрезентација и патување во последните четири години, особено ако се земе предвид фактот што во општина Ѓорче Петров не е донесен ниту еден инвеститор, инвестиција и слично.

Според официјалното објаснување, репрезентацијата е трошок предвиден во буџетот да се користи за претставување на институциите за време на настани или состаноци со странки. Во општина Ѓорче Петров се чини дека не штеделе јавни средства кога требало да платат сметки за ручеци и други пригоди.

Особено енормни се трошоците во првите две години од управувањето на се’ уште актуелниот градоначалник на општина Ѓорче Петров. Само за репрезентација во 2018 година се потрошени 1.592.620.00 денари, а во истата година за патување потрошени се 671.715.00 денари. Уште поголеми се трошоците во 2019 година кога за репрезентација се потрошени 1.697.269.00, а за патување 891.347.00 денари. Во наредните две години, односно 2020 и речиси половина од 2021 година, во услови на пандемија, трошоците се намалени, но сепак изнесуваат вкупно 325.000 за 2020 година.

Во ситуација кога во општина Ѓорче Петров, се’ уште постојат неасвалтирани улици, делови од општината се’ уште не се поврзани со централна канализација, а што е најстрашно – делови на општината немаат водоснабдување, ваквите високи трошоци за ручеци, пијалаци, состаноци и сл. укажуваат на тоа дека ова е уште еден од многуте примери за ирационални трошоци од страна на актуелниот Совет на општината и градоначалникот Александар Наумовски.” – стои во реакцијата на Локалниот огранок на Левица – Ѓорче Петров.