Македонија и каде е надежта

„Црни робови, крепете се

Млади сили, гответе се

За великата борба!”

МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕБЕ, о, многустрадална земјо, денес се разнесува ек вдолж и вшир! За тебе се слуша ограбувачки повик од север, запад и југ: ,,Не ја даваме, земјата на нашите дедовци, не ја даваме”, – ,,Македонија е наша!” од длабочината на своето срце извикуваат бугарските патриоти како одговор на другите претенденти, и сите заедно пееја оrрабувачки мелодии и пеат за ропството, што ќе и ro дадат на Македонија по нејзиното ослободување од турското угнетување, насочувајќи стисната тупаница кон секого, што се осмелува да изрази иста завојувачка желба кон Македонија! Зарем не беше доволно толку крв, зарем не беа доволни толку солзи да се искупи твоето „големо” прегрешување, о, несреќна земјо, та требаше сега да дојдат да се подигруваат со твојата зла судбина и луѓето (Бугари, Срби, Грци и др.), кои имаат претензија за твоите браќа и како грабливи ѕверови сакаат да се нафрлуваат врз твоето измачено тело, за да можат да ги ишмукаат животните сокови што ги носиш во силните мускули на своите синови и во пазувите на своите плодоносни полиња!

Дали не беа доволни толку искушенија, што ги трпеше од каприците на твоите мачители; дали не беа доволни досегашните обиди да прават од тебе прицелна точка на гнасни стремежи и планови.

Да, твоите страдања, велика маченице, во почетокот на ХХ век, век на цивилизацијата и мирот, уште не завршиле и не мисли дека со премавнувањето на султанското угнетување ти се ослободуваш од секакво угнетување! Не, твоите родни браќа ти подготвуваат венец oд трње со кој ќе ја покријат твојата крвава глава и ќе почнат нова епоха на твојот живот на страдања.

Поголемиот дел од Македонците чекаат да им се подари слободата. Тие не се проникнати уште од елементарните поими, кон кои треба да се придржуваат водејќи борба за политичко ослободување. Тие како да не сфатиле дека оној што подарува ќе сака потоа отплата. Тие го чекаат своето ослободување од бугарскиот кнез, а најмногу од рускиот монарх. (…)

Каков срам, какво жестоко поигрување со слободата на намачениот македонски народ! За да се одбегнат секакви лутања од правиот пат, диктиран од револуционерните идеи, треба секој, што сака искрено ослободување на Македонија, да си ги расчисти сметките за последен пат со сите кнезови-царови-тирани, кои сакаат да се претстават како ослободители, кои со своето учество внесуваат само срам!

Понижувачките молби на сите чорбаџии се противречни на револуционерното дело. Тие се ништо пред сознанието на простата маса. Револуцијата не е работа на чорбаџиите, туку дело на сиромасите, кои непосредно го чувствуваат угнетувањето на султанот. Нека вистинските борци за слободата на Македонија поведат жива борба меѓу широките слоеви на простата мaca, која единствено е способна да rи отфрли железните пранrи на своето ропство. Caмo npeкy неуморна и планска активност може да се подготви народот и да застане на нозе, за да ја побара својата слобода.

И само тоrаш, ние сме уверени, ќе ги имаме на наша страна симпатиите на сите револуционери од Полуостровот и oд светот, коrа ќе ro зачуваме чистиот карактер на своето дело. Секој слободољубив човек е заинтересиран за соборувањето на Турската Империја, која е најrолемата пречка за извојувањето слобода и nporpec на Балканскиот Полуостров. Нека ги сфатат сите борци тие обични начела и ние во најблиска иднина ќе ја видиме народната борба организирана по патот кој неминовно ќе нѐ доведе до триумфирање на македонските стремежи и идеали. Нека разберат сите дека борбата меѓу Србите, Бугарите, Грците др. е за завојувањето на Македонија, а не за нејзината слобода.

Плуејќи на сите тие стремежи и посеrања, ние извикуме: Да живее Македонија за Македонците!

(*Текстот е извадок од книгата ИСТОРИСКА ВИСТИНА – ПРОГРЕСИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ЈАВНОСТ ВО БУГАРИЈА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ 1896 – 1956, од ПЕРО КОРОБАР и Д-р ОРДЕ ИВАНОВСКИ, кои се јавуваат како Избор и редакција на книгата, објавена од Култура, 1981г, Скопје)