Десет фирми кои немаат вработени оствариле вкупен приход од 57 милиони евра

Согласно со Законот за трговските друштва и Законот за работните односи, овозможено е да се отвори фирми без деловен простор, односно без докази за користење на деловен простор и без вработени лица. Овие два закони, имплицитно, не наложуваат компаниите да имаат вработени лица, иако постојат засебни прописи кои ја наметнуваат оваа обврска. Пропустите во регулативата беа оставени заради олеснување на процедурата при отворање на фирми, принцип, пред се наменет за поедноставување на основањето и  функциониеањето на малите бизниси.

Согласно анализата на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ваквите фирми се од различни сектори: трговија со струја, информатички компании, нафтен бизнис, градежништво, трговија и услуги. Околу 2000 вакви фирми, оствариле вкупен приход од 150 000 евра, но, во нив, нема ниту еден вработен.

Според анализата, Лидер по приходи во оваа категорија е компанија која се занимава со трговија на електрична енергија. Алпик Енергија – фирма која се занимава со трговија на електрична енергија, е лидер по приходи во оваа категорија, односно, минатата година направила обрат на приход од неверојатни 22,6 милиони евра, но со остварена добивка од само 4.000 евра.

Втората на листата е Тритерол Петрол. Компанија чија дејност и е трговија на големо со цврсти и течни горива и товарен патен транспорт. Оваа фирма остварила приход од 7,3 милиони евра и добивка од 83 илјади евра. Интересен е фактот дека сопственикот се појавува како сопственик и управител на уште четири фирми со адреса во Неготино, но, во нив, нема вработени. За дванаесет месеци Тритерол Петрол склучил 118 договори, најголемиот дел од нив за набавка на мазут за основни училишта.

На трето место е Крејон Македонија од ИТ секторот. Оваа фирма Минатата година остварила приход од 4,7 милиони евра и профит од околу 72 илјади евра.

Во прилог, ви ја пренесуваме табелата изработена од БизнисМрежа.мк, каде се претставени најголемите 10 фирми кои без вработени, оствариле вкупен приход од 57 милиони евра.