74 години од Советската резолуција во ООН, која бараше заштита на правата на македонците во Егејска Македонија

Со создавањето на ООН и донесувањето на универзалната регулатива, многу земји остануваат под мониторинг на Советот за безбедност на ООН, со цел да проверат дали државите ги спроведат обврските преземени од со членството во организацијата, каде приматот беше ставен на човековите права. Меѓу земјите кои беа под оваа „лупа“ се наоѓаше и Грција, земја, која во овој период грубо ги кршеше човековите права, особено на негрчкото населени, односно малцинствата, вклучително и македонското малцинство.

Во поствоениот период, Режимот во грција управуван од генералот Николаос Пластирас, започнал со прогон и апсења на прогресивните сили во Грција, а особено на удар беа членовите и симпатизерите на КПГ. Регион, кој најмногу е изложен на ваквите репресии е Егејска Македонија. Грчките владини сили, во соработка со од англиските вооружени формации, извршиле терор, разбојништво, палења, убиства низ македонските села. Заради заштита од грчко-англиските репресии, во 1945 година бил создаден македонскиот  Народноослободителен фронт (НОФ) кој во текот на целата Граѓанската војна во Грција е главен претставник на Македонците и нивните барања за решавање на македонското прашање.

По фалсификатот на изборите одржани 1946 година, монархистичкото управување во Грција е вратено на сила. Во резултат на ваквите одлуки, Комунистичката партија одлучува да ја создаде Демократската армија на Грција (ДАГ) и да започне вооружена борба против Атинските власти. Меѓувремено ДАГ и НОФ преговараат од што од што произлегува договорот за организациско потчинување на македонските партизански сили под командата на ДАГ и КПГ.

Во текот на 1947 година ДАГ и македонските сили ја ослободиле територијата помеѓу планините Вич и Грамушта (Грамос), Џена, Пајак Планина, Кајмакчалан, Каракамен како и во источниот дел на Егејска Македонија. Успешното дејствување на левичарските и македонските сили ја принудиле десничарската влада да издаде наредба за стационирање на големи владини сили во сите градски центри како и присилно иселување на селското население и нивно сместување по градовите. 

Овој период бил  клучна за исходот на граѓанската војна, но, САД активно се вклучиле во случувањата во Грција и, согласно тн. Труманова доктрина за спас на капитализмот, дале финансиска и воена помош за грчката влада, а грчките владини сили започнале офанзива.

До крајот на граѓанската војна, животот го загубиле 51.000 припадниви на ДАГ, од кои 21.000 биле Македонци. Во периодот помеѓу 1945 и 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 граѓани, во голем дел Македонци, а околу 40.000 грчки и македонски граѓани, биле интернирани на грчките острови. 50.000 Македонци од Егејска Македонија емигрирале во СФРЈ, а околу 20.000 се населиле во СССР и источно-европските социјалистички држави.

На 8 јули 1947 година, беше разгледуван извештајот на Анкетната комисија за состојбата во Грција. Овој извештај, за жал не ја изразуваше реалната состојба на терен. И, покрај тоа што извештајот беше поддржан од САД, Советскиот делегат Андреј Громико, се спротивстави на ова, предложувајќи против резолуција, со цел заштита на малцинствата, со посебен осврт на македонското. Во самиот документ од грчката Влада се бараше: да ги преземе сите неопходни мерки за отстранување на секаква дискриминација на Македонците во Егејска Македонија, да им даде можност да го говорат македонскиoт јазик и да ги развиваат белезите на својата национална култура.