АктуелноИнтернационално

Лавров: Дијалог со Западот, но само врз основа на еднаквост и взаемно почитување


Говор на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров на IX Московска конференција за меѓународна безбедност.


„Голема чест е за мене, уште еднаш да зборувам на Московската конференција за меѓународна безбедност, што е во организација на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Радува фактот што учесници од различни држави и мултилатерални организации се во можност да дојдат кај нас и покрај тешката санитарна и епидемиолошка состојба. Преку ова присуство, гледам заеднички интерес за координирање на напорите за заздравување на состојбите на светската политичка сцена и развој на оптимални решенија за бројните предизвици на нашето време. Убеден сум дека високото ниво на застапеност ќе придонесе за тоа на секој можен начин.

Пред 80 години, на 22 јуни 1941 година, Хитлерова Германија, која до тоа време ја имаше освоено речиси цела Европа, ја нападна нашата Татковина. Трагедијата од Втората светска војна е жив потсетник за тоа до што може да нѐ доведе заборавот на принципот на еднаквост, заедничка безбедност и чувството на сопствена супериорност.

По цена на огромни жртви, колосални напори, пред сè на народите на Советскиот Сојуз, успеавме да го уништиме нацизмот и да ја спасиме нашата цивилизација од уништување. За време на тешките воени периоди, членовите на антихитлеровата коалиција покажаа „чувство за соработка“, мудрост, предвидливост и солидарност, Многу брзу се обединија за да го поразат агресорот. Да потсетам дека во својата порака до Ј.В. Сталин, веќе на 8 јули 1941 година, британскиот премиер В. Черчил го забележа „смелиот и храбар отпор“ на руската армија кон целосно неиспровоцираната и безмилосна инвазија на нацистите, оддавајки почит до храброста и херојството на советските војници. Се разбира, ние исто така знаеме што кажа В. Черчил – па дури и што планираше, во врска со нашата земја, по војната. Но, ова е друга приказна, која има проекција на сегашната непријателска линија на Западот, по однос на нашата земја, која има длабоки и повеќевековни корени.

Како и да е, тогаш сојузниците успеаја да покажат одговорност за судбината на светот, и со цел да ги спречат трагедиите на глобалните војни во иднина, ги поставија темелите на повоениот меѓународен правен систем, чиј камен-темелник беше Организацијата на Обединетите Нации (ООН). Заедничката работа во ООН повеќе од 75 години го штити светот од нов деструктивен конфликт на планетарно ниво, обезбедувајќи одржување на глобалната стабилност, вклучително и во услови на непријатни односи и спротивставености  меѓу водечките сили.

За жал, во последниве години, голем број западни метрополи, предводени од Вашингтон, започнаа курс за уништување на безбедносната архитектура со центар во ООН и се обидуваат да ги заменат општопризнатите норми на меѓународното право, отелотворени во Повелбата на ООН, со удобен за себе „ред заснован на правила“. Надвор од рамките на универзалните мултилатерални организации, се формираат разни коалиции со ограничено членство, кои се обидуваат да си го арогатизираат правото да зборуваат и да дејствуваат во име на целиот свет. Како најконтроверзен пример, ќе го наведам проектот „Сојуз за мултилатеризам“ што го спроведуваат Париз и Берлин и иницијативата „Самит на демократии“ промовирана од САД со поддршка на НАТО и ЕУ. Сето ова, се започнува со игнорирање на универзалната рамка на ООН, врз основа на прогласување на правото на Западот природно, без противници, да утврдува критериуми на однесување, кои потоа ќе бидат наметнати на сите други држави. Непотребно е да се каже дека ваквиот пристап на мала група земји презаситени од чувството на сопствената супериорност, ќе се прогласат за арбитри на судбината на останатата светска заедница, поткопувајќи ги принципите на еднаква колективна работа заснована врз Повелбата на ООН. Сето ова не придонесува за ефикасно решавање на вообичаените итни проблеми и е причина за појава на нови линии на поделба во меѓународните работи.

Сведоци сме како се наметнува „блок-размислување“ во азиско-пацифичкиот регион (АПР), кој треба да биде ослободен од геополитички игри, особено ако се има во предвид неговата вредност на локомотива за светската економија. Што стои зад промовирањето на идеите од Вашингтон, Австралија и Јапонија, поддржани од НАТО, кои се сметаат за организација со „глобална мисија“? – „Индо-пацифичка стратегија“ е замислена, отворено да ја обезвредни конструктивно обединувачката улога на АСЕАН во регионот, со цел потиснување и ограничување на Кина и изолација на Русија. Овие цели не се кријат.

Потпирајки се на архаичната „Доктрина на Монро“, САД се обидуваат да диктираат како и по кои стандарди ќе се живее во Латинска Америка. Ова го објаснува нелегалното трговско ембарго против Куба. Само вчера, уште еднаш, Генералното собрание на ООН речиси едногласно гласаше за укинување на ова незаконско ембарго, само две земји, вклучително и САД, се изјаснија против. Сведочиме на непрекинатиот притисок врз Венецуела со цел да се отстрани легално избраната влада,преку обиди за дестабилизација на Никарагва.

Во Африка, американските комесари, претставници на администрацијата на Вашингтон, јавно, за време на официјалните посети, ги повикуваат своите африкански партнери да не прават деловни активности, да не тргуваат, да не соработуваат со Руската Федерација и Народна Република Кина, наведувајќи дека Москва и Пекинг комуницираат со Африка водени од нивните сопствени и себични интереси. Додека, САД и Западот, тоа го прават, исклучиво од „добри намери“, „од желбата да го поддржат развојот на народите од Црниот континент“.

Исклучително алармантна состојба се појавува и во областа на стратешката стабилност. Едностраното повлекување на Вашингтон, од Договорот за елиминација на ракетите со среден дострел и пократок дострел (ИНФ договор), предизвика сериозна штета на целиот систем на контрола врз оружје и нуклеарно ракетно оружје. Во врска со ова, бевме изненадени од недостатокот на разбирлива реакција на земјите членки на НАТО, за предлозите на претседателот на Руската Федерација, В.В.  Путин, со цел да се спречи појавата на копнени ракети од оваа класа – и каква било опрема, од нуклеарно и ненуклеарно потекло во Европа. Покрај тоа, рускиот претседател В.В.  Путин во своите пораки ја истакна својата подготвеност да се договори за мерките за верификација, кои Западот се обидува да не ги забележи. Во врска со ова, би сакал да истакнам, нашите активности во секој случај ќе бидат насочени кон обезбедување сигурност и безбедност на Русија и нејзините сојузници.

Скоро триесет години Договорот за отворено небо (ДОН) им помагаше на сите земји-членки да ги разберат подобро меѓусебните воени намери. Во врска со ова, повлекувањето на САД од ДОН – повторно еднострано и под далеку измислени изговори – грубо го наруши балансот на интересите, ставајќи ја нашата земја во нееднаква положба по однос на воената транспарентност. Во овие околности, понатамошното учество на Москва во Договорот целосно го изгуби своето значење. Постапката за престанок е веќе започната. За ова се известени депонентите на Договорот.

Поразителна е реакцијата на овој наш апсолутно природен и одамна назначен чекор од страна на НАТО и ЕУ, кои лицемерно ја повикаа Москва да не излегува од ДОН, како да заборавиле на неотповикливата одлука на Вашингтон да се повлече од него, што е основна причина на сегашната криза. Обвинувајќи не нас за претензии, Западот премолчува дека во текот на изминатите десет години тој грубо ги прекрши своите обврски од ДОН, затворајќи значителни делови од територијата на САД, Канада, Велика Британија и Франција за руските авиони.

Акциите на НАТО за ограничување на Русија (се погриживме овој курс да биде конзистентен во документите на неодамнешниот самит на алијансата), водат кон ескалација на воено-политичките тензии во Европа. На самитот за кој зборам, алијансата уште еднаш ја потврди својата неможност да ја надмине сопствената реалност. Стратезите на НАТО повторно измислија „агресивни активности“ на Русија. Всушност, не очекувавме ништо друго. Но, од наша страна, остануваме отворени за искрен и професионален дијалог. Нашите конструктивни, суштински, конкретни предлози, насочени кон намалување на воената закана по целата линија на контакт меѓу Русија и Северноатлантскиот сојуз останаа „на маса“ скоро две години, но нема одговори на нив. НАТО воопшто не сака да комуницира. Ете каков е „демократскиот сојуз“.

И, се разбира, сите обиди за подобрување на состојбата во евро-атлантската област наидуваат на политиката од властите во Киев, кои предизвикуваат конфронтација меѓу НАТО и Русија во обид да се сврти вниманието за саботажата на Минските договори, одобрени од Советот за безбедност на ООН кои станаа дел од меѓународното право. Би сакал уште еднаш да ги повикам западните држави кои ги полтронизираат властите во Киев да дејствуваат во нивните одделенија и да принудуваат исполнување на обврските, со тоа што ќе го запрат агресивниот напад врз Русите и другите национални малцинства.

Убеден сум, дека доколку имате добра волја и подготвеност за компромис, од секоја ситуација може да се најде излез и заемно прифатливи решенија. Добар пример за тоа како да се решат проблемите во областа на меѓународната безбедност, дадоа новата американска администрација, согласувајќи се со рускиот предлог за продолжување на Договорот за ограничување на стратешкото офанзивно оружје за пет години без никакви услови. Благодарение на овој чекор, создадена е основа за продолжување на сеопфатен дијалог со Вашингтон за контрола на оржужјето во иднина и одржувањето на стратешката стабилност. Ова се наведува во заедничката изјава на претседателот на Руската Федерација В.В. Путин и претседателот на САД Џо Бајден, усвоена на самитот во Женева на 16 јуни годинава. Во истиот документ, лидерите го потврдија своето придржување кон основниот принцип „не може да има победници во нуклеарна војна“, затоа таа никогаш не треба да биде дозволена.

Претпоставуваме дека главната цел на понатамошните напори за билатералната руско-американска патека треба, да биде развој на нова „безбедносна равенка“ што ги опфаќа сите, без исклучок, фактори што влијаат на стратешката стабилност. Пред се мислам на нуклеарно, ненуклеарно, офанзивно и одбранбено оружје.

Доколку зборуваме за други проблеми поврзани со оружјето за масовно уништување, задачата да се стави крај на прекршувањата на Конвенцијата за хемиско оружје (КХО) е многу итна. Западот активно е ангажиран во изопачување на самата основа на активностите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), создадена за спроведување на Конвенцијата. Всушност тоа го прават преку курсот за приватизација на нејзиниот секретаријат и користењето на истата како инструмент на притисок на несакани режими. Сега тие се обидуваат да го сторат ова во односот кон Сириската Арапска Република.

Во заштитата од ширењето на оружје за масовно уништување, потребно е, да се зајакне Конвенцијата за забрана за развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсично оружје, што е можно побргу. Ова го предлагаме повеќе од десетина години, но САД постојано и тврдоглаво избегнуваа да разговараат за создавање на ваков универзален механизам. Во меѓувреме, тие ги развиваат своите воени биолошки активности на билатерална линија, создавајќи воено-биолошки лаборатории, вклучително и долж периметарот на руските граници.

Почитувани колеги,

Русија е евроазиска и евро-пацифичка држава, постојана членка на Советот за безбедност на ООН, еден од гаранторите на неповредливоста на светскиот поредок со центарот во ООН. Даваме значителен придонес за зајакнување на меѓународната безбедност во сите нејзини димензии. Доволно е да ги споменеме нашите напори за да го победиме меѓународниот тероризам во Сирија и да воспоставиме широк политички дијалог меѓу тамошната влада и опозицијата.

Без преувеличување, на крајот на минатата година, Русија одигра, клучна улога во запирање на крвопролевањето во Нагорно Карабах и создавање услови за обновување на мирниот живот низ цела Кавказја. Продолжуваме, заедно со другите копретседавачи од Минската група на ОБСЕ, да им помагаме на страните да ја зајакнат довербата меѓу себе и спроведат хуманитарни проекти.

Ние многу конструктивно учествуваме во напорите за решавање на ситуацијата во Авганистан, Либија, околу иранската нуклеарна програма, на Корејскиот полуостров и на други жаришта.

Денес, новите технологии брзо влегуваат во нашите животи, отвораат големи можности, но носат и огромни ризици. Загриженост постои и за намерата на одделни држави да го милитаризираат Интернетот, создавајќи опасна трка за сајбер вооружување таму. Од наша страна, ние активно работиме на усвојување на кодекс на одговорно однесување на државите во глобалниот информативен простор од гледна точка на интересите на секоја земја, во областа на воено-политичката безбедност. Истовремено промовираме нацрт универзална конвенција за борба против компјутерскиот криминал. Двете наши иницијативи добија многу сериозна поддршка за консензус на последната сесија на Генералното собрание на ООН. Во обете области, формирани се специјални механизми за преговори, кои ќе ги разгледаат овие два најважни проекти со учество на сите држави. Се надеваме дека нашата соработка за безбедноста на информациите ќе продолжи преку билатерални канали. Меѓу другото, би сакале да видиме продуктивен дијалог за прашања поврзани со сајбер безбедноста од американската страна, како што беше дискутирано на самитот во Женева.

Во целост сме убедени дека денес сме зрели за сериозна дискусија околу ажурирана инклузивна архитектура на глобалната безбедност, што одговара на современите мултиполарни реалности. Јасно е дека постојаните членки на Советот за безбедност на ООН сносат посебна одговорност за ова. Токму тоа го водеше претседателот на Руската Федерација В.В. Путин за предлогот да се одржи самит на „Големата петорка“. Би било добро да се реафирмираат клучните принципи на меѓудржавната комуникација, имајќи ги предвид светските работи што брзо се развиваат, потребно е да се  изготват начини на ефективни колективни решенија за најакутните проблеми на нашето време. Се надеваме дека таков состанок може да се одржи лично, веднаш штом епидемиолошката состојба дозволи.

Исто така сакам да забележам дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е зрела за сериозни промени. Ние, доставивме до ОБСЕ обемна иницијатива насочена кон враќање на Организацијата во нејзината првична цел – да обезбедиме рамка за соработка, заснована врз принципот на неделива безбедност, преку меѓусебно почитуван дијалог и почитување на принципот на консензус.

Со цел ефикасно да се запрат заканите по меѓународната безбедност, Русија останува отворена за најширока можна соработка и ќе продолжи да работи на зајакнување на вистинскиот мултилатеризам и централната координативна улога на ООН во светските работи. За таа цел, ќе продолжиме тесно да комуницираме со сојузниците и истомислениците во ЕАЕУ, ДКБ, СНД, ШОС, БРИКС и други структури и одделни држави во Азија, Африка и Латинска Америка.

Работиме на спроведување на стратешката иницијатива на претседателот на Руската Федерација В.В. Путин, за формирање на големо евроазиско партнерство на нашиот заеднички евроазиски континент. Ова е широко-континентална контура, за спроведување на напорите од земјите со различните светогледи, лоцирани во Евроазија, од интерес на безбедноста и промовирање на конкурентни предности во глобалната економија.

Се разбира, секогаш сме подготвени за дијалог со нашите западни колеги, но само врз основа на еднаквост, взаемно почитување и потрага по фер рамнотежа на интереси, а не врз основа на условите од ултиматумите што ги слушаме и кои ги бараат од Русија. Западот за да се согласи да разговара со нас бара, „ да го промениме нашето поведение“. Ние одевме на училиште. Нашите наставници го оценуваа нашето поведение. Но, тоа беа наставниците што ги сакавме и признававме.

Ви посакувам успех и се најдобро.
Ви благодариме за вниманието.