АктуелноЛокално

Забрана за македонскиот автомобилистички тим во Сер бидејќи немало Северна


После барањето на Грција за промена на името на ФФМ, кое содржи Македонија, повторно Грција врши притисок за употреба на имаето Македонија. Во Сер викендов беше предвидено да се вози петтата и шестата трка од Twingo Eurocup, бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, со бодување и за првенството на Македонија и Словенија.

И покрај почитување на сите формалности и регулативи од страна на организаторот, како и предвремено исплаќање на сите трошоци според договорот (вклучувајќи странски судии од ФИА, ФИА делегати од Словенија, маршали и директен пренос за емитување на трката) без навремена најава, на 26.06.2021 (Сабота) наутро организаторите на тркачката патека по налог на Грчката Автомобилска Федерација (ОМАЕ), како и Министерството за надворешни работи на Грција, не дозволија да се одржи настанот притоа и без можност да ексклузивно се користи стазата од страна на странските гости.

Како образложение за забраната за трка е наведено дека причината е спорот со називот на Автомобилистичката Федерација на Македонија која ја нема придавката “Северна”, согласно договорот од Преспа потпишан помеѓу двете држави.

АКК Рено Спорт до сега има одржано две кружни трки на стазата во Сер, без да има проблем од овој тип. Исто така, од претходното раководство на ОМАЕ доби маил во кој што нудат поддршка и со кој искажуваат големо задоволство што ќе се одржува трка на нивната патека.

Автомобилистичкиот картинг клуб Рено спорт продолжува сопретставување на нашата држава преку своите натпреварувачи со својот следен меѓународен настап на патеката Гробник во Хрватска од 23.07.2021-25.07.2021 год.